Што опфаќа оваа политика
Оваа политика објаснува кои ваши лични податоци ги собираме кога купувате на dunkshop.mk, кога отворате корисничка сметка или кога нè контактирате, зошто ни се потребни, врз која основа ги обработуваме, колку долго ги чуваме и со кого ги споделуваме. Напишана е за да ја разбере купувачот, а не само правникот.
Личните податоци ги обработуваме во согласност со прописите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија. Условите под кои купувате се објаснети посебно, во Општите услови за купување.
Продаваме и испорачуваме само на територијата на Република Северна Македонија.
Кој е контролор на вашите лични податоци
Контролор на личните податоци што се собираат преку dunkshop.mk е:
- Друштво за трговија и услуги ДАНК ШОП ДОО Скопје (скратено: ДАНК ШОП ДОО Скопје)
- Седиште: НАРОДЕН ФРОНТ бр.19А — ТЦ Беверли/Хилс, СКОПЈЕ — ЦЕНТАР
- ЕМБС: 7957041
- ЕДБ: 4080026641843
- Управител: Бобан Гроздановски
- Адреса во Скопје за писма и за пратки до нас (адресата на продавницата): Арена Тоше Проески, Северна трибина, ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје
- Е-пошта за купувачи: [email protected]
- Е-пошта за финансиски прашања: [email protected]
- Веб-страница: dunkshop.mk
Продавницата во Скопје е отворена за купувачи од 27.11.2026. Истото друштво е контролор и на податоците што се собираат таму; ако тоа донесе нови обработки, оваа политика ќе ја дополниме.
Во секојдневната комуникација го користиме трговското име Dunk Shop. Правното лице зад тоа име е горенаведеното друштво.
Офицер за заштита на личните податоци
Не сме должни да определиме офицер за заштита на личните податоци.
Сите прашања и барања поврзани со личните податоци ги примаме на [email protected] или писмено на нашата адреса во Скопје наведена погоре. Секое барање го евидентираме и по него постапуваме.
Кои податоци ги собираме, зошто и врз која основа
Не собираме податоци „за секој случај“. Секој податок подолу има конкретна цел и конкретна основа.
| Кои податоци | Зошто ни се потребни | Правна основа | Колку долго ги чуваме |
|---|---|---|---|
| Име и презиме, адреса за достава, телефонски број, е-пошта | Да ја примиме, спакуваме и испорачаме нарачката и да ве известуваме за нејзиниот статус | Извршување на договорот што го склучувате со нас кога нарачувате | Додека трае нарачката и роковите за враќање и за рекламација, а потоа во документацијата за нарачката |
| Податоци од фискалната сметка или од фактурата: име, адреса, ставки, износ, начин на плаќање | Издавање сметка за купеното и водење сметководствена евиденција | Законска обврска (даночни и сметководствени прописи) | Најмалку 5 години по истекот на календарската година |
| Корисничка сметка: е-пошта, лозинка во шифриран облик, зачувани адреси, историја на нарачки | Да имате своја корисничка сметка, побрзо нарачување и увид во своите нарачки | Извршување на договорот и вашето барање да отворите корисничка сметка | Додека корисничката сметка е активна; ја бришеме на ваше барање |
| Кореспонденција: пораки преку контакт-формуларот, е-пошта, телефонски повици и пораки на нашите страници на социјалните мрежи | Да одговориме на прашање и да ви помогнеме околу нарачка, замена, враќање или рекламација | Наш легитимен интерес да одговориме на вашето обраќање; кога се однесува на нарачка — извршување на договорот | Додека е потребно за да се затвори случајот; кај рекламација заедно со документацијата за нарачката |
| Број на трансакциска сметка и име на нејзиниот сопственик | Враќање на парите за нарачка платена при достава, бидејќи готовината не може да се врати преку курир | Извршување на договорот и вашето барање за враќање на парите | Заедно со документацијата за нарачката |
| Е-пошта за известувања за понуди, новости и попусти | Да ви испраќаме маркетиншки пораки што сте ги побарале | Ваша согласност, што можете да ја повлечете во секое време | Додека не ја повлечете согласноста |
| Технички податоци: IP-адреса, вид уред и прелистувач, отворени страници, идентификатори од колачиња | Страницата да работи и да биде безбедна; со ваша согласност — и за мерење на посетеноста (Google Analytics 4) и за маркетинг (Meta Pixel, Klaviyo) | За неопходните колачиња — извршување на договорот и наш легитимен интерес, без согласност; за мерење и за маркетинг — ваша согласност | Според роковите наведени во Политиката за колачиња |
Не собираме и не чуваме податоци од платежни картички. На dunkshop.mk плаќањето е исклучиво при достава, во готово, и ние никогаш не доаѓаме во допир со број на картичка.
Податоците што се означени како задолжителни во формуларот за нарачка ни се навистина потребни — без нив нарачката не може да се обработи ниту да се испорача. Сè друго е доброволно.
Повеќе за роковите поврзани со нарачката ќе најдете на страниците Враќање на производите и Рекламации.
Колку долго ги чуваме податоците
- Нарачки и фактури: најмалку 5 години по истекот на календарската година на која се однесуваат.
- Корисничка сметка: додека сметката постои. Кога ќе побарате бришење, сметката ја бришеме, освен податоците што сме должни да ги задржиме во сметководствената евиденција.
- Согласност за маркетинг: до повлекувањето. Записот дека сте дале и дека сте повлекле согласност го чуваме и потоа, за да можеме да докажеме дека сме постапиле по вашата волја.
- Кореспонденција: додека е потребна за случајот поради кој сте ни се обратиле, а ако се однесува на нарачка — заедно со документацијата за таа нарачка.
- Колачиња: роковите се наведени во Политиката за колачиња.
По истекот на овие рокови податоците ги бришеме или трајно ги анонимизираме, така што повеќе не можат да се поврзат со вас.
Со кого ги споделуваме податоците
Не продаваме лични податоци и не ги отстапуваме никому за туѓи маркетиншки цели. Ги споделуваме само со партнерите што ни се потребни за да ја извршиме нарачката и да ја водиме продавницата, и секој од нив добива само онолку податоци колку што му се потребни за својата задача.
Курирска служба
За да ви ја донесе пратката, курирската служба ги добива вашето име и презиме, адресата за достава, телефонскиот број и износот што треба да го наплати при достава.
Со пратките работиме преку курирска служба во Северна Македонија, која податоците ги користи само за доставата и за наплатата при достава.
Плаќање при достава и враќање на парите
Плаќањето е во готово, при достава. Парите ги прима курирот и ни ги пренесува. Немаме интернет-плаќање со картичка и затоа немаме ни обработувач на картични плаќања.
Кога ви ги враќаме парите за нарачка платена при достава, бројот на трансакциската сметка што ќе ни го дадете го внесуваме во налог до нашата банка. Банката го добива вашето име и бројот на сметката, што е неопходно за да се изврши преносот.
Сметководство и издавање сметки
Податоците од нарачката влегуваат во фискалната сметка или во фактурата и во сметководствената евиденција што ја водиме по закон.
Сметките и сметководствената евиденција ги води сметководствена служба што постапува само по наш налог, врз основа на договор.
Мерење на посетеноста и маркетинг
Со ваша согласност, дадена преку известувањето за колачиња, користиме Google Analytics 4 (Google Ireland Ltd, Ирска, ЕУ; податоците може да се пренесат до Google LLC, САД) за мерење на посетеноста и Meta Pixel (Meta Platforms Ireland Ltd, Ирска, ЕУ; податоците може да се пренесат до Meta Platforms Inc., САД) за мерење и прикажување реклами на Facebook и Instagram. Тие алатки добиваат технички податоци и идентификатори од колачиња. Ако сте дале согласност за маркетинг, нашиот сервер на Meta ѝ го пријавува и настанот на нарачката (Conversions API). Без ваша согласност овие алатки не се вчитуваат.
Klaviyo (Klaviyo, Inc., САД) го користиме за маркетиншките пораки по е-пошта и, со ваша согласност за маркетинг, за да препознае кои страници ги разгледувате (колаче __kla_id). Кога податоците се пренесуваат надвор од Северна Македонија (во ЕУ или во САД), тоа го правиме според правилата за пренос од Законот за заштита на личните податоци.
Испраќање е-пошта
Пораките поврзани со нарачката — потврда дека нарачката е примена и известување за испорака — се испраќаат преку Mailgun (Mailgun Technologies, Inc.; податоците се чуваат во ЕУ), која ја добива вашата е-пошта и содржината на пораката.
Маркетиншки пораки испраќаме преку Klaviyo и само до оние што претходно дале согласност. Во нив мериме дали пораката е отворена и дали е кликнато во неа. Како тоа функционира е објаснето во Политиката за директен маркетинг.
Mailgun ги чува податоците во ЕУ; Klaviyo — во САД.
Ако во иднина понудиме известувања преку SMS или Viber, за нив ќе побараме посебна согласност и оваа политика ќе ја дополниме.
Државни органи
Кога сме законски обврзани, податоците ги доставуваме до надлежен орган — на пример даночен или инспекциски орган, суд или полиција — и тоа само врз основа на пропис или писмено барање со законски основ.
Колачиња
На страницата користиме колачиња. Неопходните колачиња овозможуваат страницата воопшто да работи: да ја памети кошничката, да ве држи најавени и да ја штити нарачката.
Колачиња за мерење на посетеноста (Google Analytics 4) и за маркетинг (Meta Pixel, Klaviyo) поставуваме само откако претходно ќе се согласите. Согласноста ја менувате или ја повлекувате во секое време преку „Поставки за колачиња“ во подножјето на страницата.
Неопходните колачиња ги поставуваме без согласност, врз основа на извршување на договорот и нашиот легитимен интерес — без нив продавницата не работи. Сите други колачиња ги поставуваме само со ваша согласност.
Кои колачиња точно се користат, што прават и колку долго траат е објаснето во Политиката за колачиња.
Вашите права и како да ги остварите
Имате право на пристап, исправка (во рок од 15 дена), бришење (во рок од 30 дена), ограничување на обработката, преносливост, приговор и повлекување на согласноста. На останатите барања одговараме најдоцна во рок од еден месец; рокот може да се продолжи за уште два месеци ако барањето е сложено, а вие ќе бидете известени за причината.
Подолу е напишано што правиме кога ќе ни се обратите со барање во врска со вашите податоци. Тоа важи без оглед на тоа дали имате корисничка сметка кај нас и како ќе ни се обратите. Предметите на пораката и податоците за препознавање наведени подолу се она што ние ве молиме да го наведете за побрзо да ве најдеме — тоа е наше барање заради полесна работа, а не услов за да го остварите правото.
Барањето можете да го поднесете на два начина:
- по е-пошта на [email protected], со предметот наведен кај соодветното барање, или
- писмено на нашата адреса во Скопје: Арена Тоше Проески, Северна трибина, ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје.
Добро е во барањето да ги наведете вашето име и презиме и е-поштата или телефонскиот број со кои сте нарачувале, за да можеме да ве препознаеме. Ако од барањето не можеме со сигурност да утврдиме дека е навистина ваше, ќе побараме дополнителна потврда на идентитетот — тоа е заштита за вас, за туѓо лице да не дојде до вашите податоци.
За постапувањето по овие барања не наплатуваме ништо.
Рок во кој одговараме: најдоцна во рок од еден месец од приемот на барањето (за исправка — 15 дена, за бришење — 30 дена). Рокот можеме да го продолжиме за уште два месеци ако барањето е сложено, за што ве известуваме во првиот месец.
Барање за пристап до лични податоци
Предмет на пораката: Барање за пристап. Ако побарате, ќе ви кажеме дали обработуваме ваши податоци и, ако обработуваме, ќе ви дадеме копија од нив, заедно со целите поради кои ги обработуваме, кому сме ги дале и колку долго ги чуваме.
Барање за исправка
Предмет на пораката: Барање за исправка. Ако некој ваш податок е погрешен или нецелосен, ќе го поправиме или дополниме. Податоците во вашата корисничка сметка можете да ги смените и сами, а ако станува збор за адреса на нарачка што уште не е испратена, јавете се веднаш на [email protected] за да можеме да ја смениме пред да ја предадеме на курирот.
Барање за бришење
Предмет на пораката: Барање за бришење. Можете да побарате да ги избришеме вашите податоци, на пример кога повеќе не ни се потребни за целта поради која се собрани или кога сте ја повлекле согласноста. Не можеме да избришеме податоци што сме должни да ги чуваме — пред сè издадените фактури и фискални сметки и сметководствената евиденција. Во тој случај ќе ви кажеме што точно останува и до кога.
Барање за ограничување на обработка
Предмет на пораката: Барање за ограничување. Ако оспорувате точност на податок или законитост на обработката, можете да побарате да ја запреме обработката додека не се разјасни работата. Таквите податоци ги задржуваме, но не ги користиме.
Приговор
Предмет на пораката: Приговор. Можете да приговорите на обработката што ја засноваме на наш легитимен интерес. Приговорот го разгледуваме и обработката ја прекинуваме, освен ако постојат основи што претежнуваат над вашето барање; ако е така, ќе ви објасниме зошто. Приговорот против директен маркетинг го исполнуваме секогаш и без образложение — пораките престануваат.
Барање за повлекување на согласност
Предмет на пораката: Повлекување на согласност. Согласноста што сте ни ја дале можете да ја повлечете во секое време:
- за маркетиншки пораки — преку врската за откажување на дното на секоја таква порака или со порака до [email protected];
- за колачињата за мерење и за маркетинг — преку „Поставки за колачиња“ во подножјето на страницата или со порака до [email protected].
Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката извршена пред повлекувањето. Повлекувањето е исто толку лесно како давањето на согласноста.
Безбедност на податоците
Страницата работи преку шифрирана врска, лозинките ги чуваме во шифриран облик, а пристапот до податоците за нарачките е ограничен на луѓето на кои им е потребен за работата. Нашите партнери смеат да ги користат податоците само за задачата за која им се дадени.
Надзорен орган и како да поднесете претставка
Ако сметате дека со вашите податоци не постапуваме правилно, прво обратете ни се нам на [email protected]. Најбрзо е и најчесто станува збор за нешто што можеме веднаш да го поправиме.
Независно од тоа, претставка можете да поднесете и до надзорниот орган за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.
Агенцијата за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 (зграда на МРТВ, кат 14), 1000 Скопје, тел. +389 2 3230 635, е-пошта [email protected], azlp.mk. Претставката (барање за утврдување повреда) се поднесува без надомест.
Измени на оваа политика
Ако го смениме начинот на кој обработуваме лични податоци — на пример ако додадеме нов начин на плаќање или нов партнер — оваа политика ќе ја ажурираме и ќе го смениме датумот подолу. За измени што бараат ваша согласност ќе побараме нова согласност, нема да ја подразбереме.
Последна измена: 29.11.2026
Контакт
За сè што се однесува на вашите лични податоци: [email protected] или ДАНК ШОП ДОО Скопје, Арена Тоше Проески, Северна трибина, ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје.